Историја

Стрмош АД Рудници за неметали Пробиштип е формирано 1984 година.
    Основната дејност на фирмата е експлоатација и преработка на неметални минерални суровини: кварцит, опалска бреча, аморфниот бел опализиран туф како и зеофит. Експлоатацијата се врши врз база на договори за концесии и дозволи за експлоатација.
    Друштвото располага со производни капацитети од 200. 000 тони на годишно ниво (во една смена), искористеноста на капацитетите е 64% со вкупно 36 вработени.
    Кварцитот се користи во металургијата за производство на феро легури кои содржат Си. Опалската бреча или пуцолан се користи во цементната индустрија. Белиот аморфен опализиран туф има широка лепеза на примена како што е: за филтрирање на отпадна и вода за пиење, огноотпорна индустрија, градежништво за термо лесни бетони и малтери, како носач на пестициди, полнител во гумарската и индустријата за хартија, индустријата за бои итн.
        Капиталот на друштвото е 100% приватен, Својот понатамошен развој друштвото го темели на развојот на новиот производ Зеофит кој има широка примена.

logo1